Во училиштата ќе се применува алатката „SELFIE“ на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК
Информација за вклучување на училишта во иницијативата за саморефлексија при користење на дигитална технологија во образовниот процес – употреба на алатката „SELFIE“ е усвоена денеска на седница на редовната седница на Владата.
Алатката веќе се употребува во 35 земји и е изработена од Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).
Министерството за образование и наука треба да достави информација за процесот на пилотирање и планот за примена на национално ниво на „SELFIE“ алатката до крај на октомври годинава.
На владината седница е усвоена и Информација за вклучување на Меѓународната организација на трудот и дополнување на Неморандумот за соработка за обезбедување ефикасна и координирана соработка во спроведување на заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во државава во периодот до 2021 година.
Ново на Сител
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

