Балкан
21. April 2018 - 12:07

Во Турција задржани над 550 илегални мигранти

Турските сили за безбедност приведоа над 550 нелегални имигранти во операција во Турција извршена синоќа, јави „Анадолија“.

Во градовите Ипсала, Мерич и Узункопрју во округот Едрене се приведени 453 мигранти. Тие имале намера нелегално да влезат во Бугарија и во Грција.

Меѓу приведените се граѓани на Сирија, Ирак, Пакистан и на Авганистан. Дваесет и седум нелегални мигранти се приведени во северозападниот округ Чанаккале.

Во западниот округ Измир вчера беа приведени 27 мигранти од Сирија, додека во источниот округ Ван приведени се 50 нелегални мигранти од Авганистан.