Во Тунис мигрантите кои пристигнале без документи добиле околу една милијарда долари од своите земји

Мигрантите од Африка кои пристигнале во Тунис без документи годинава добиле околу една милијарда долари од нивните земји, изјави претставник на Националниот совет за безбедност.
Претседателот на Тунис, Каис Саид, кој е и претседател на тој Совет, рече дека „бројката е шокантна“ и посочи дека неговата земја е „мета“, осудувајќи ја, како што рече, недокументираната имиграција на субсахарска Африка во неговата земја.
Тој оцени дека нејзината цел е „промена на демографскиот состав на Тунис“.
Износот пари што пристигнува за мигрантите без документи е поголем од приходот на главната дејност, туристичката индустрија во Тунис во првата половина од годината.
Илјадници мигранти без документи пристигнаа во крајбрежниот град Сфакс во последните месеци со цел да продолжат кон Европа со чамци управувани од трговци со луѓе, што доведе до најголемата миграциска криза во Тунис.
Под притисок на меѓународните и локалните групи за човекови права, кои ги обвинија властите дека ги загрозуваат животите на мигрантите, владата ги пресели мигрантите во колективни центри во два туниски града.
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
