Во трите гимназии во Дебарско запишани само 114 ученици во прва година
Во трите средни општински училишта, колку што ги има во поширокиот дебарски регион, до денеска се пополнети само 114 од предвидените 544 ученички места за прва година во учебната 2019/2020 година.
Во СОУ „28 ноември “ во Дебар, според секретарот на училиштето Шабан Алајбегу, со Конкурсот на Министерството за образование и наука предвидена беше квота од 340 ученички места, а се запишале 84 ученици, сите за гимназиска насока.
Од нив, 25 за настава на македонски од предвидените 102 места, и 59 за албански наставен јазик од предвдените 238 ученички места. За паралелката со градежно-геодетска насока на албански наставен јазик не се пријавил ни еден ученик за упис.
-Во гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше беа предвидени 102 места за прва година, сите за настава на македонски јазик. Запишани се 16 ученици, изјави Бошко Божиновски, секретар во гимназијата.
Директорот на гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, Аќиф Селман, вели дека интересот за упис и кај нив е слаб. За паралелката на македонски наставен јазик запишан е само еден ученик,од предвидените 34, додека за настава на турски наставен јазик 13 од предвидените 68.
Од трите училишта наведуваат дека уписот продолжува и дека им даваат можност за упис и на завршените основци со послаб успех. Сепак, предвдената квота нема да се пополни, пред се поради миграцијата, а и затоа што полуматурантите се запишуваат во средни стручни училишта во државава.
Ново на Сител
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива

