Македонија
16. July 2017 - 13:06

Во три сообраќајки вчера тешко повредени 4 лица

Вчера утро околу 06.00 часот во Скопје на бул.„Јане Сандански“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Сузуки“ со скопски регистарски таблички управувано од А.К, удрило во столб. Од незгодата, со телесни
повреди се здобил возачот А.К, а со тешка телесна повреда (фрактура на подколеница) се здобил сопатникот И.К (35) од Скопје. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар -Скопје, каде по укажаната лекарска помош, И.К е задржан на понатамошно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.
 
Вчера во 07,30 часот на регионалниот пат Тетово- село Пирок, во село Боговиње, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторо возило “Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки управувано од С. М (57) од село Камењане, излетало надвор од патот. Од незгодата со тешки телсно повреди се здобил возачот С.М. кој по укажаната лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот Центар -Скопје. По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. 
 
Попладнето околу 15.00 часот на спојот од регионалниот пат Чашка-Лисиче, со земјен пат кој се наоѓа на околу 15 метри после мостот на река Тополка, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „АПН-6“ со велешки регистарски ознаки управуван од А.П (17) од Чашка и патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со велешки регистарски ознаки управувано од З.М (49) од село Долно Јаболчиште-Општина Чашка. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, А.П кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Јавната здраствена установа Велес- Хируршко одделение, каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржан
 на лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес, при што е констатирано дека двајцата возачи не поседувале важечки возачки дозволи, a поради технички причини не е извршено алкотестирање на истите. Возилата се упатени на технички преглед.