-->
-->
Во Тетовско откриени 27 албански државјани без легален престој
-->
Вкупно 27 албански држајвани на различна возраст од 18 до 51 година најмногу од Либражд, Подградец, Кукс, Корча и други места биле откриени утринава при акциска контрола на полицијата за откривање странски државјани во Тетово, Џепчиште и Боговиње кои непријавено престојуваат или работат на на ова подрачје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци контролата била спроведена на неколку локации утрово од 6 до 8 часот.
- Дваесет и седумтте албанските државјани непријавено престојувале и најверојатно работеле или барале работа на подрачјето. По кусото задржување во СВР Тетово, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години