Македонија
30. May 2022 - 10:15

Во Тетово пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“

Во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово кон Скопје утрово после девет часот избувнал голем пожар.

Бројни пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Полицијата го ограничува движењето во Тетово поради големиот пожар  и густ чад.