Во Тетово четири партии формираа коалиција Европски фронт
Претседателите на четири партии денеска во Тетово потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори.
За коалицијата наречена Европски фронт со потпис се обврзаа Али Ахмети од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија и Скендер Реџепи-Зејди од партијата Народно движење.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека очекува голема победа, која ја оцени како најголема кај Албанците во Македонија од независноста на држава.
- Ова е вистинскиот момент ние да бидеме заедно во заеднички фронт и овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен до реализирање на нашите цели, до членство во ЕУ. Треба да се приклучат и нашите сограѓани Македонци бидејќи не сум видел за иднината на оваа земја поголема одговорност од албанските политички субјекти. Овој фронт не се прави за партиски или лични придобивки, овој фронт се прави за да триумфира во мисии и нашата земја го има местото во ЕУ како што сме во НАТО, истакна Ахмети во обраќањето по потпишувањето на договорот.
Мендух Тачи од ДПА рече дека ризикот што му се заканува на Балканот и Македонија е руската агресија на цивилизираниот свет, преку инсталираните раце во Србија и Македонија.
- Ова обединување е да се спречи таа политика за да дојде и во Македонија. Бара од нашиот народ да се изгласа со број од 30 пратеници за да оневозможиме руската политика да се институционализира во Република Северна Македонија. Никој од нас не е ангел, но сме ве убедиле дека не ја пречекориле црвената граница, од политички и национален аспект. Стотици илјадници луѓе се жртвувале за овој интерес. Кога нашиот кандидат за претседател убедливо ќе го победи неговиот противкандидат, македонската опозицијата знам дека ќе го смени речникот но може да е доцна за нив. Можам дека сфатам дека политички изјави носат поени но народот вели претераната шега преминува во трагедија, рече Мендух Тачи.
Според Аријанит Хоџа, целта на Европскиот фронт ги надминува тесните или лични интереси.
- Ова обединување што ние го правиме е од историска вредност кое ќе донесе бришење на граници помеѓу браќата и со тоа ќе покажеме дека сме дел од западната цивилизација кои ја граделе нашите предци, рече Хоџа.
Скендер Реџепи-Зејди Народно движење порача дека ова заедничко тело на повеќе политички субјекти нема друга алтернатива и дека фронтот ќе се прошири во иднина.
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување