-->
-->
Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-->

Вчера во 12:19 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар - Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот.
Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
