Во Тексас затворање на баровите поради ширење на коронавирусот
Гувернерот на Тексас, Грег Абот денеска нареди затворање на баровите од 12 часот по локално време по повторното ширење на коронавирусот во таа американска држава.
– Јасно е дека бројот на заразени лица се зголемува поради овие активности. Граѓаните на Тексас се собираат по баровите, рече Абот и повика на почитување на мерките – носење маска и одржување физичка дистанца.
Баровите и рестораните, кои претежно заработуваат со продажба на алкохолни пијалоци, ќе бидат затворени од денеска на пладне според локално време, а дозволени се достави до дома, како и набавка на пијалоци „за носење“.
Абот, кој издаде указ за нови рестриктивни мерки, остави локалните власти да одлучат за ограничување на бројот на луѓе на собири.
Во Тексас вчера се регистрирани 5.996 заразени со коронавирус и тоа е рекорден број за таа американска држава од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети