Бизнис
31. May 2016 - 9:47

Во тек вакцинацијата против „јазлеста кожа“

За три недели треба да заврши вакцинацијата против „јазлеста кожа“ во регионот на Делчево и Македонска Каменица каде се дистрибуирани 5.000 вакцини.
 
Процесот почна на 24 мај, а го спроведуваат две ветеринарни станици. Се вакцинираат само здравите грла, а по вакцинацијата месото не смее да се употребува седум дена, додека за млекото нема забрана. 
 
Болеста во општина Делчево се појави во селата Габрово, Град и Разловци, но и во Македонска Каменица, а е потврдена кај седум грла, додека 49 биле однесени на усмртување во кланицата во Радовиш.  Слична е состојбата со болеста и во Малешевијата, каде беа уништени 50-ина грла.
 
За сузбивање на болеста во регионите на Пијанец и Малеш се доставени 9.300 вакцини.