Во тек увид на градежната локација во Куманово каде беа повредени 10 работници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени 10 градежни работници.
Како што соопштија од ЈОРМ, според првичните сознанија, осум работници во несреќата се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, додека двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.
По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата, стои во соопштението
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз
-

Трамп со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша документ за вештачката интелигенција
-

Денеска се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
-

Сончево и топло со температури до 26 степени
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
