Во тек средба на Груевски со еврокомесарот Хан
Во резиденцијата на Европската унија во Скопје во тек е средба на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој на средбата е придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, за здравство Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и шефот на Кабинет Мартин Протугер.
Претходно еврокомесарот Хан имаше средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој по средбата заедно со потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во актуелната Влада, замина од резиденцијата на ЕУ.
По средбата со Груевски, еврокомесарот Хан треба да има средби и со лидерите на ДУи и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Пред почетокот на средбите Хан со четворицата лидери на политичките партии потписници на договорот од јуни/јули 2015 година иизјави дека очекува оти денеска ќе биде добар ден.
Од Европската комисија во Скопје најавија дека по поединечните средби еврокомесарот во текот на денот ќе има и и заедничка средба со партиските лидери на која се очекува да присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Се очекува денеска да биде постигнат финален договор во врска со неколку отворени прашања поврзани со договорот од Пржино како што се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список, но исто така се очекува до крајот на денот да биде познато дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во рокот што беше договорен - 24 април 2016 година или, пак, тие ќе бидат пролонгирани како што бара опозицијата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави