Во тек конкурсот за стпендии за постипломски студии во Франција
Францускиот институт во Скопје информира дека е во тек конкурсот за стипендии за македонски студенти за постдипломски студии во Франција за академската 2016/2017 година.
Станува збор за вкупно шест стипендии што секоја година ги доделува Владата на Франција преку Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје.
Краен рок за пријавување е 30 април 2016, а се работи за студии на ниво Мастер и Докторат во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.
Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска Влада им овозможува да имаат и други бенефиции.
Повеќе информации за пријавување за стипендии се достапни во Францускиот институт во Скопје или на следниот линк.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква