Македонија
20. October 2016 - 12:48

Во тек изградбата на две тениски игралишта во Неготино

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска изврши увид на изградбата на двете тениски игралишта во населбата Саат кула, проект што се реализира заедно со Агенцијата за млади и спорт.

- Ивестицијата е околу девет милиони и двеста илјади денари. Како што може да се види, асфалтирањето е веќе завршено. Направени се сите изводи за светлосните уреди, а и одводот е во крајна фаза, соопшти Апостолов.

Тој додаде дека дека целиот проект ќе биде комплетно завршен до крајот на месец ноември, кога двете тениски игралишта ќе бидат пуштени во употреба.

Нагласи дека Неготино за прв пат ќе има вакви тениски игралишта.