Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците
Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени 87.036.280 денари.
– Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациски единици на Управата за јавни приходи, велат од УЈП.
Право на поврат на данок на личен доход добиваат физичките лица кои оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1.000.000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави. Право имаат оние кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и немаат остварено доход по друг основ кој се одданочува согласно Законот за данокот на личен доход.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација