-->
-->
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова
-->
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, по што страните ќе ги продолжат разговорите.
Ова на прес-конференција го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
– Во моментов е најавена кратка пауза, по што страните ќе продолжат со преговарачкиот процес.
Во таа насока имаме огромен број прашања за деталите и позициите на страните во преговорите, рече Захарова.
– Сакам да ви посочам дека по завршувањето на преговорите е планирана прес-конференција на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Викторович Лавров, додаде Захарова, обраќајќи се на новинарите кои ги следат разговорите во Саудиска Арабија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд