Свет
14. November 2021 - 14:30

Во судар во Холандија загинаа тројца тинејџери

Тројца тинејџери загинаа во директен судар на автомобил и возило на брза помош во Холандија, а три лица се повредени, јавија денеска локалните медиуми.

Во патничкиот автомобил имало четири лица, од кои тројца тинејџери од Ајндховен на возраст од 15 и 16 години загинале на лице место, а четвртиот сопатник е тешко повреден.

Со повреди се здобиле и двајца возачи на Брзата помош. Во моментот на судирот во возилото немало пациенти.

Засега не се знае како тинејџерите, кои немале возачки дозволи, дошле до автомобилот и во тек е ситарга за несреќата.