Во Струмица 550 првачиња седнаа во училишните клупи
Почна првиот училишен час во Општина Струмица каде што во деветте основни училишта 550 деца станаа првачиња. Според евиденцијата во Одделението за образование во општината, најмногу, 122 првачиња се запишале во училиштето „Видео Подгорец“ во Струмица, а најмалку, само 11 во „Гоце Делчев во Вељуса“.
Во централните основни училишта запишани се 451 дете, а во петнаесетте подрачни училишта по населените места, новозапишани се 99 ученика.
На централната прослава успех на првоодделенците им посака градоначалникот Зоран Заев.
- Денеска е важен ден за вас, ден кога го исчекорувате првиот чекор кон патот на образованието. Пат кој води до крајната цел, да бидете високопочитувани граѓани на нашето општество од кои зависи иднината на Македонија. Дали ќе успеете зависи само од вас. Затоа ве советувам да бидете вредни, трудољубиви ученици, рече Заев.
Инаку, оваа учебна година во споредба со лани, во општина Струмица се запишани 20 првачиња помалку, покажуваат бројките во Одделението за образование.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО