Во Струга изложба на творби од пациeнти од Психијатриската болница во Демир Хисар
Уметнички слики, рачно изработени предмети, резби на дрво и други творби на креативни пациенти oд ЈЗУ Психијатриската болница во Демир Хисар денеска беа изложени во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Директорката на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, Снежана Најдовска, изјави дека ова е 28 изложба на творби на пациентите работени во Центарот за рехабилитација, а пред стружани ќе биде достапна 23 октомври.
- Во Центарот за рехабилитација покрај медикаментозниот третман штитениците имаат и социотераписки активности во периодот на хоспитализација. Има вработени терапевти од различни области каде преку ден пациентите реализираат активности, појасни Најдовска.
Психијатриската болница, додаде таа, има книжевен, ликовен, библиотерапевт, музико терапија, спортско-рекреативна, дрво-преработувачки, столарски и шивачки работилници...каде се изведуваат одредени активности и се изработуваат делата што се претставени на изложбата.
- Работилниците се дел од рехабилитациски активности каде почнува терапијата и болничкиот третман и припрема на пациентите за натамошна интеграција во заедницата, истакна Најдовска.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“