Во Стразбур средба на претседателите на парламентите на Македонија и на Грција
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски претпладнево на маргините на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, има средба со претседателот на Парламентот на Грција Никос Вуцис, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Ова е прва средба на претседатели на законодавните домови на Македонија и на Грција.
Во рамки на Европската конференција на претседатели на парламенти, Вељаноски ќе има обраќања посветени на „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“ и „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“.
Предвидено е Вељаноски да има неколку билатерални средби со неговите колеги учесници на конференцијата.
Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија денеска и утре во Стразбур ќе дебатираат на повеќе актуелни теми.
Првата ваква Европска конференција на претседатели на парламенти се одржала во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја-членка на Советот на Европа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко