Свет
23. October 2016 - 13:26

Во Средоземно Море за 48 часа спасени околу 5.700 мигранти

Околу 5.700 луѓе се спасени, а 14 тела се извлечени од Средоземно Море при спасувачките операции во последните 48 часа.

- На пристаништетот во Неапол утрово беа донесени 453 мигранти и тело на бремена жена, изјави портпаролката на италијанското Министерство за надворешни работи Герарда Панталоне.

Во последните 24 часа околу 3.300 мигранти и седум тела биле донесени до петте пристаништа во Сицилија.

Италијанската крајбрежна стража синоќа соопшти дека вчера координирала 20 операции за спасување на 2,400 луѓе. Еден ден претходно во 24 спасувачки мисии биле спасени околу 3.300 мигранти.