Во Србија во октомври ќе се одржи пописот на населението, домаќинствата и становите
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Србија, што поради епидемијата од Ковид-19 беше одложен за 2022 година, ќе се одржи во октомври, потврдија за Блиц во Републичкиот завод за статистика, јави дописникот на МИА од Белград.
Во октомври 2020 година беше најавено дека пописот треба да се спроведе во април 2021 година, кога беше одложен поради епидемијата на коронавирус, а новиот датум на пописот беше најавен за октомври 2021 година.
Оваа одлука беше донесена поради неповолната епидемиолошка состојба, која тогаш можеше значително да ги загрози подготовките и теренската реализација на Пописот 2021 година, како најкомплексно и најскапо статистички истражување.
Сепак, во април 2021 година беше објавено дека пописот на населението ќе биде во октомври 2022 година, исто така поради пандемијата на коронавирус.
Како што засега стојат работите, епидемијата на коронавирус засега нема да го одложи најавениот попис.
Ново на Сител
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров