Во Србија се нормализира животот, почнаа со работа градинките, судовите, шалтерите во МВР
Од денеска во Србија почна нов бран на нормализирање на секојдневниот живот, се отворија градинките и продолжениот престој за учениците од основните училиште, шалтерите на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за регистри на деловни активности (АПР), како и судовите.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, откако е укината вонредната состојба, веќе работат кафеаните, рестораните, теретаните, салоните за убавина, но и маркети, трговските центри и јавниот превоз.
Денеска, децата низ цела Србија тргнаа во градинки, кои беа затворени на 16 март поради пандемијата на коронавирус. Само во Белград, се очекува 13.500 деца да бидат испратени во градинките. Градскиот секретар за образование и заштита на децата Славко Гак кажа дека е набавена целата заштитна опрема, дека родителите биле известени за мерките што треба да ги почитуваат, дека вработените се подготвени.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска граѓаните на шалтерите на полициските управи и станици ќе можат да го регистрираат своето живеалиште и престојот, да достават барање за издавање лични карти, пасоши, возачки дозволи, регистрација на возила, оружје, државјанство и да ги преземаат документите.
И Агенцијата за деловни регистри (АПР) продолжува да работи со странки на шалтерите во седиштето на АПР, а Виокиот судски совет одлучи од денес со работа да почнат и судовите.
Во Србија е укината вонредната состојба, но не и состојбата на епидемија. Затоа од Кризниот штаб порачуваат дека во секоја ситуација треба да се внимава на држењето на социјална дистанца, често да се мијат и дезинфицираат рацете и да се носат маски на затворени места каде има повеќе луѓе.
Ново на Сител
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час