Во Србија регистрирани 575 случаи на мали сипаници
Од октомври до денеска во Србија се регистрирани вкупно 575 случаи на морбили, од кои 179 се лабораториски потврдени во институтот „Торлак“, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Најмладиот пациент е на возраст од два месеци, а најстариот има 60 години.
Вкупно 90 проценти од болните се невакцинирани, не биле реимунизирани или не е познато дали се вакцинирани, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје. Од заболените, 65 лица доживеале тешки компликации како што се пневмонија.
Епидемијата на мали сипаници на територијата на Косово каде има претежно српско население се појави на 23 октомври, и до 20 декември биле регистрирани 248 заболени.
На територијата на Србија во моментов се врши вакцинација на сите невакцинирани или реимунизирани на возраст од 12 месеци до 14 години
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот