Балкан
3. May 2023 - 14:03

Во Србија прогласена тридневна жалост

Министерот за образование Марко Ружиќ соопшти дека во Србија е донесена одлука за прогласување на тридневна жалост која ќе трае од 5 до 7 мај.

Наставата попладнево е откажана во сите белградски училишта, а утре наутро ќе започне со едноминутно молчење.

Утринава во Белград беа убиени осум малолетни лица и еден возрасен од страна на малолетник.