-->
-->
Во Србија пристигнаа нови 46.800 дози на вакцината „Фајзер-Бионтек“
-->
Нов контингент на вакцината „Фајзер-Бионтек“ пристигна денес во Србија, соопшти Министерството за здравство.
Доставени се нови 46.800 дози вакцина до Институтот Торлак.
Претходно денес премиерката Ана Брнабиќ изјави дека 46.800 дози „Фајзер“ ќе пристигнат во Србија и дека со таа испорака досега биле доставени вкупно два милиони вакцини.
Утрово во Србија пристигнаа 50.000 дози на руската вакцина „Спутник V“.
Потсетуваме, 150.000 вакцини АстраЗенека пристигнаа вчера, со кои ревакцинацијата се одвива не по 21 ден, туку по 12 недели.
- За 12 недели ќе добиеме уште 150.000 дози на „АстраЗенека„ а потоа ќе можеме да ги ревакцинираме граѓаните - рече премиерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
