Во Србија отворена најголема ковид-болница со 930 легла
Во белградското предградие Батајница отворена е новоизградена ковид-болница со 930 легла, во девет одделенија и 250 места на интензивна нега.
Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека новата болница започнува со работа „во најтешкиот момент“, кога со денови се регистрираат голем број новозаболени лица, а на ковид-одделенијата секој ден пристигнуваат речиси 800 пациенти.
„ Добиваме модерна болница во тешки моменти, кога притисокот врз нашиот здравствен систем е континуиран веќе девет месеци“ посочи Брнабиќ.
Српскиот министер за здравство Златибор Лончар објави дека најмалку 1.500 лекари, медицински сестри и техничари ќе работат во новата болница, но дека „1.600 се потребни за полн капацитет“. Лончар истакна дека се покажало дека „новата болница е од непроценливо значење не само за Србија, туку и за целиот регион“, бидејќи 250 места на интензивна нега ќе ги олеснат другите здравствени установи.
Србија добива нови болнички капацитети во време кога членовите на Кризниот штаб и независни експерти ја проценуваат епидемиолошката состојба како „катастрофална“, со оглед на тоа што во последните неколку дена бројот на нови пациенти и пациенти во болницата е скоро изедначен.
Српската влада донесе нови, построги епидемиолошки мерки.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци