-->
-->
Во Србија од 1 јануари по 850 евра за секое второ и трето дете
-->
Комисијата на Собранието на Србија за труд, социјала, општествена вклученост и намалување на сиромаштијата на денешната седница усвои амандман според кој на семејствата кои ќе добијат второ и трето дете ќе им се исплаќаат 100.000 динари еднократна помош од 1 јануари, соопшти организацијата „Мајките се закон”.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, амандманот предвидува на семејствата кои ќе добијат второ дете од буџетот да им се исплаќаат 100.000 динари (850 евра) еднократно, со по 10.000 динари (85 евра) што ќе ги добиваат секој месец во тек на две години. Семејствата кои го очекуваат своето трето дете ќе добиваат 100.000 динари (850 евра) од буџетот, со по 12.000 динари (102 евра) месечно во времетраење од 10 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
