Во сообраќај нов електромоторен воз на МЖ Транспорт
Со промотивно возење на релацијата Скопје - Велес денеска ќе биде пуштен во сообраќај нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од кинеската компанија ЦСР.
На пуштањето во употреба на возот е најавено присуство на премиерот Никола Груевски, министри, претставници на ЦРС и на МЖ Транспорт....
Новиот воз е со капацитет за 200 патници и ќе сообраќа на пругите каде што има електрично напојување. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети...
Од кинеска ЦРС Македонија набави шест воза, два електромотрони и четири на дизел погон, со вкупен капацитет за 1.200 патници. Според договорот, останатите пет воза треба да бидат испорачани на почетокот на следната година. Инвестицијата за набавката изнесува 25 милиони евра.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра