Во Собранието закажани седници на три комисии
Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.
Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот