Во Собранието доставен Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април

Во Собранието на Република Македонија денеска од страна на Единствена Македонија беше доставен Предлог - закон за амнестија за настаните од 27 април, минатата години.
- Денеска во Собранието го доставуваме предлог-законот за амнестија и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Драган Угриноски, членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МЗП Тврдокорни изразувајќи очекување дека, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започнат законодавната постапка бидејќи, според него, Деловникот тоа го дозволува на секој пратеник.
Тој наведе дека, со законот се бара целосно ослободување од кривичен прогон и запирање на постапките поради несправедливоста и апсурдноста да се гонат уставобранителите кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба во одбрана на уставниот поредок. Изрази очекување дека законот ќе биде изгласан од сите пратеници.
- Очекуваме од пратениците и нивните лидери да покажат државнички капацитет и силно лидерство со кое ќе го израдуваат народот и ќе дојде до надминување на поделеноста меѓу граѓаните и партиите, нагласи Угриноски.
Единствена Македонија на 22 мај, 20 јули и 11 август 2017 година поднесе во Собранието Иницијатива за донесување на Закон за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Мекедонија, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
