Во Собранието денес седници на Комисијата за одбрана и Буџетскиот совет
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и Буџетскиот совет на Собранието.
На дневен ред на Комисијата за одбрана се информациите за доделување на договор влада со влада за набавка на хаубици 105мм и муниција 105мм помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција со склучување на Договор со Претседателството на турската одбранбена индустрија (ССБ) и за доделување на договор влада со влада за ремонт на два хеликоптера Ми-8МТ со регистарски број 305 и 306 помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Чешката Република со склучување на договор влада со влада.
Буџетскиот совет на Собранието ќе го разгледа Известувањето за реализација на расходите во Буџетот на Собранието за 2022 година, поднесено под архивски број 32-5229/1.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
