Во Собрание продолжение на две седници
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа продолжение на две пленарни седници, 21-та и 26-та, со почеток во 15 часот.
На 26-та седница, меѓу точките на дневен ред, ставени се три предлог-закони по скратена постапка и тоа: Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
На дневен ред на 21-та седница се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги во прво читање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести во прво читање.
Собранието утрово по повеќе од дваесет часа ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ