Во Словенија живее најстарата крава во Европа

Во селото Војник крај словечекиот град Целје живее најстарата крава во Европа, родена уште во времето на поранешна Југославија.
- Нашата крава Луца е стара 35 години и досега се отели со 27 телиња, изјави за мариборскиот весник „Вечер“, 90-годишната Јустина Језерник.
Кравата дошла на свет во нивната штала и била многу мирна и мила, па сопственичката Јустина никогаш не сакала да ја продаде или да ја даде во кланица, што е вообичаена пракса за кравите кои повеќе не се стелни и не дават млеко.
- Јас ја молзев до пред неколку месеци, кога даваше три до пет литри, раскажува Јустина.
Својата миленичка таа не планира да ја продаде „за говедска супа“, туку ќе ја пушти да угине по природен пат во штала каде што се родила.
Луца последен пат се отелила пред две и пол години.
Брачната двојка Језерник сметаат дека нивната крава е најстара во Европа, но годините официјално не можат да ги докажат, затоа што водењето службени книги за состојбата во шталите во Словенија стана задолжително дури во 1996 година, кога Луца првпат добила свој регистерски број.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
