Во Словенија продолжени рестрикциите до 18 јануари заради влошената состојба со вирусот
Словенечката влада заради влошената состојба со вирусот Ковид-19 ги продолжи повеќето рестриктивни мерки за најмалку уште седум дена, а училиштата ќе останат затворени најмалку до 18 јануари.
„Се продлабочува и се проширува важењето на повеќето регулативи и мерки, вклучително и онаа што им забранува на луѓето да се собираат во образовните институции“, рече владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција.
Образовниот процес ќе продолжи со учење од дома, а училиштата пред 18 јануари нема да се отворат. Таквата одлука е донесена врз основа на мислењето на експертската група за Ковид-19.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс изјави дека единствен исклучок се образовните институции за работа со деца со посебни потреби, кои продолжија со настава на почетокот на оваа недела. Што се однесува до мерките за ограничување на движењето на луѓето со цел да се потисне ширењето на вирусот, тие остануваат исти и се продолжуваат барем до 18 јануари, а работата на ски-лифтовите во ски-центрите останува забранета.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа