Во Сливница се одржа Пливачкиот куп во далечинско пливање
Дваесет и седум пливачи од пливачки клубови од Македонија земаа учество на Пливачкот куп во далечинско пливање што денеска се одржа на Преспанското Езеро кај плажата во Сливница.
Пливачите се натрпеваруваа на два и пол, пет и 10 километри во три категории: аматери, до 16 години и сениори. Најдобар на трката од 2,5 километри беше Антониј Симоноски од пливачкиот клуб „Орион“ во машка и Јасна Костадиноска од пливачки клуб „Младост“ во женска конкуренција. На пет километри први беа Бранимир Ивановски од „Младост и Миа Крстеска од „Орион“, додека на трката од 10 километри прва беше Евита Насевска од пливачкиот клуб „Орион“.
Претставникот на Пливачката федерацоија на Македонија Михаил Алахов истакна дека Македонскиот куп во далечинско пливање, кој се одржува четврта година на езерата низ државата, а за прв пат во водите на Преспанкото Езеро е значаен заради трката од 10 киломтери која е олимписка дисциплина со надеж дека наредните Олимписки игри и Македонија ќе има свој претставник.
- Десет километарската трка е олимписка дисциплина и се надеваме дека на наредниот Олимписки игри ќе имаме свој претставник, изјави Алахов.
Општина Ресен заедно со Пливачкат федарција на Македонија, според градоначалникот Ѓоко Стрезовски, направи еден пионерски чекот за Преспа која оваа година понуди навистина одлични содржини.
- Се надевам дека ова ќе стане традиција која ќе продолжи нарендите годинии и пливачките маратони ќе имаат се поголемо значење за Преспа, рече Стрезовски.
Ново на Сител
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет