Во Скопје за 24 часа, 12 сообраќајки и седум лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица, од кои двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 11 часот и 30 минути на ул. „Ќемал Сејфула“ пред крстосницата со ул. „Босна и Херцеговина“ во која учествувале мопед и патничко моторно возило „голф“, и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Партение Зографски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение.
Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мировен протест пред зградата на Владата на Република Македонија, а со почеток во 13 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Либан. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
