Во Скопје викендов 33 сообраќајки, повредени 12 лица

Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 21 незгода била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и деведесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет поминале на крстосница на црвено светло, пет за неправилно престројување и девет возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени пет возачи кои возеле под дејство на алкохол и 35 возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, од сообраќај биле исклучени 30 возила за истечена важност на сообраќајната дозвола и 30 возила биле технички неисправни. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 226 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 121 возило.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици во ОУ „Браќа Миладиновци“ во населеното место Миладиновци, општина Илинден.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
