Во Скопје викендот 30 сообраќајки, тројца тешко повредени
Три лица биле тешко повредени во три од вкупно 30 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд. Во 16 сообраќајки биле полесно повредени 28 лица, а во 11 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Двесте и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, седум поминале на крстосница на црвено светло, пет не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, aи 26 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на возилото. Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени 38 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 41 возач пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и две технички неисправни возила, 34 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Затекнати биле 150 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 128 возила.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп