Во Скопје викендот 19 сообраќајки, повредени 12 лица
На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои во девет има повредени лица, а во 10 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 12 лица од кои три потешко и девет полесно.
Сообраќајната полиција санкционирала 228 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 115 возачи кои биле пијани.
Од сообраќај се исклучени и 88 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 16 возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 57 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.
Издадени се 142 мандатни казни за непрописно паркирање, а 108 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.
На црвено светло поминале девет возачи, а евидентирани се и 16 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За некористење заштитен шлем санционирани се 14 возачи на мотор, мопед и мотоцикл.
Ново на Сител
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО

