Македонија
19. September 2021 - 10:42

Во Скопје вчера биле изречени 171 санкции во сообраќајот

На територијата на град Скопје, вчера биле изречени  вкупно 171 мерки при засилена акциска контрола во сообраќајот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од изречените мерки, за возење повеќе од дозволената брзина имало 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Од МВР потсетуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување  безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.