Во Скопје синоќа фрлени 60 тони сол
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, на критичните места и на сите булевари и улици кои се во нивна надлежност.
Како што соопшти Град Скопје, екипите на зимската служба со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.
Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, соопшти Град Скопје.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори