Во Скопје протест против нехуманиот третман на бездомните животни
Под мотото „Сонувам за хумано утре“ повеќе здруженија за заштита на животните денеска напладне во Скопје ќе одржат протестен марш, со цел да упатат барања да започне примената на хумани методи за бездомните животни и да се најде трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно.
Протестниот марш започнува пред Собрание, а ќе се движи кон Влада и Град Скопје. Според здруженијата, постои инстутиционална краткогледост и осуда на „Залови-стерилизирај-врати“, програма која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.
Од здруженијата посочуваат дека бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години, но исклучиво ако во секој град/општина стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни, со задржано финансирање од градот/општината. Исто така контрола би имало ако се комплетира Регистарот на сопственици на миленици и Правилникот за одгледувачници.
На протестниот марш против нехуманиот третман на бездомните животни најавено е учествои на голем број јавни личности.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава