Во Скопје отстранети 120 непрописно паркирани возила
Вкупно 120 непрописно паркирани возила се отстранети изминатата недела од јавните површини во Скопје. Од нив, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а 71 возило по налог на сообраќајната полиција.
Од Град Скопје денеска информираа дека контролорите на зонските паркиралишта во овој период санкционирале вкупно 305 возила поради неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Од Градот и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата

