Македонија
15. February 2024 - 9:03

Во Скопје изречени 201 сообраќајна мерка

Во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, соопшти денеска МВР.

Од изречените сообраќајни мерки, за возење повеќе од дозволената брзина се 29, изречени се 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, 47 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.