Во Скопје централната манифестација за 2 Август во Вила Водно

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, по повод државниот празник Ден на Републиката на 2 август со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.
На свеченоста во Кабинетот на претседателот се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.
Претходно, во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2 Август.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.
Делегација од Кабинетот на пpетседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 9 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.
Свеченостите за чествување на 2 Август – Илинден во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија ќе бидат отворени за медиумите, а од централната свеченост во Вилата Водно ќе се врши и директен пренос на јавниот сервис.
Ново на Сител
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
