Македонија
17. September 2020 - 10:06

Во Скопје 379 санкционирани возачи, 101 ја пречекориле брзината

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои 101 за пречекорување на дозволената брзина на движење, во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од МВР денеска соопштија дека за возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, за нерегистрирани и технички неисправни возила 32 санкции, санкционирани се 41 мотоциклист, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР потенцираат се засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.