Во Скопје 16 сообраќајки изминатите 24 часа
Шеснаесет сообраќајни незгоди од кои осум се со материјална штета, седум со телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице - пешак се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Единаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосници и 20 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 68 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Наум Охридски“ во Булачани, општина Гази Баба, а во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата од предучилишна возраст“ во детската градинка „25 Мај“ во објектите „Синоличка“ и „Детелинка“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот