Во Скопје 11 сообраќајки со 17 полесно повредени
Седумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од 13-те сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 25 возачи.
Според полицискиот извештај, 21 управувале возило пред да се стекнат со право на управување моторно возило, четворица почетници, едно возило било технички неисправно, пет нерегистрирани и двајца поради претовар.
Непрописно биле паркирани 65 возила, а пајак службата подигнала 50 моторни возила.
Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак поминал на црвено светло, тројца возачи поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците, еден неправилно престигнувал, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.
Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „8 Март“ објект „Ѕуница“ во н.м. Драчево, општина Кисела Вода, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина